Федерални агенти на протести: Трамп бара повик пред интервенција

Италија
EPA/CRAIG LASSIG

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја менува федералната тактика на терен: Министерството за внатрешна безбедност (DHS) добило насока федералните агенти „под никакви околности“ да не интервенираат на протести и немири во градови со демократско раководство, освен ако локалните или државните власти формално не побараат федерална помош, или ако е загрозена федерална сопственост.

Во практична смисла, тоа значи дека служби како ICE и U.S. Border Patrol ќе останат со примарна задача да ги обезбедуваат федералните објекти и персонал, но без влегување во директна конфронтација со демонстранти, доколку нема официјално барање од локалните власти. Пораката, според објавата на претседателот, е дека градовите треба самите да ги штитат своите локални објекти, а федералната влада ќе „помогне“ само ако биде повикана.

Контекстот на оваа директива е серија масовни протести и остри реакции по федералната имиграциска операција во Минеаполис, во која беа убиени двајца американски државјани, а локалните институции оспоруваа дел од федералните активности и побараа запирање на операцијата. Паралелно, федерален суд одби да ја суспендира акцијата со привремена мерка, што дополнително ја заостри политичката и јавната дебата за границите на федералната моќ во „демократски“ градови и за тоа како државата ги менаџира протестите кога во нив се вмешуваат вооружени федерални структури.

Зачлени се на нашиот е-билтен