Иран–САД нуклеарни разговори: Пезешкијан даде зелено светло, но бара „без закани“

Масуд Пезешкијан порача дека Иран е подготвен да отвори „фер и рамноправни“ разговори со САД за нуклеарната програма, но само ако се создаде атмосфера „без закани и неразумни очекувања“. Според објавите, претседателот му наложил на министерот за надворешни работи Абас Арагчи да ги „подготви условите“ за дипломатски процес, при што во аргументацијата се споменуваат и „барања од пријателски земји во регионот“ Техеран да одговори позитивно на американскиот сигнал за дијалог.

Во јавната комуникација, зборот „фер“ не е случаен. Доаѓа по период на зголемени тензии во кои Вашингтон користеше реторика на рокови и притисок, а Доналд Трамп јавно предупреди дека ако нема договор, „следниот напад“ би бил „далеку полош“, потсетувајќи на претходни удари врз ирански цели. Од иранска страна, пораката беше дека преговори може — но не „под сенка на закани“, и дека одбранбените и ракетните капацитети не се тема за тргување.

Зачлени се на нашиот е-билтен