По велеслаломот, Јана Атанасовска остана без пласман и во слаломската трка на Зимски олимписки игри Милано–Кортина 2026. Откако пред два дена не успеа да го комплетира велеслаломот, денеска не стигна до целта ниту во слаломот, откако направи грешка веднаш по стартот на првото возење и многу рано го заврши настапот.
Атанасовска, која има 19 години, беше најмладата во четиричлениот македонски олимписки тим. Со нејзиниот денешен настап завршува и учеството на македонската делегација на годинашните Зимски олимписки игри.