Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани, Собрание на Република Северна Македонија денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија. По гласањето, Наумовски даде и потпиша свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, во согласност со Уставот и законите.
Изборот доаѓа по оставката на поранешната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, а мандатот на уставните судии е девет години.
Наумовски е редовен професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ, на катедрата по Римско право, со наставни предмети и во доменот на правото и информатичката технологија и интелектуалната сопственост.