СДСМ: Извештајот на Вајц е нова потврда, Власта ја турка Македонија во изолација

СДСМ

Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајс, е уште потврда на она што СДСМ со месеци го говори: Македонија е заглавена, реформи нема, процесот на пристапување кон ЕУ е сопрен, власта ја турка земјата во изолација, сер истакнува во соопштението на СДСМ.

„Процесот на пристапување е сопрен“ ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став од овој извештај, поссочуваат од опозициската партија.

Во документот, укажува СДСМ јасно се наведува дека нема напредокот во владеењето на правото, правосудните реформи и борбата против корупцијата. 

За СДСМ пораката од Брисел е јасна: проширувањето може да се забрза, но само ако има вистински реформи и владеење на правото.

„Со владата на Мицкоски Македонија денес нема ниту едното ниту другото. Корупцијата и криминалот цветаат, секојдневно сме сведоци на криминални тендери. 161 тендер за една фрима, 51 тендер преку општините за друга фирма, 74 тендери за трета, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. 57 дена поминаа а Обвинителството и ДКСК молчат и не преземаат ништо“, се наведува во соопштението. 

Портпаролката на Владата, Марија Митева, потсетуваат од оваа партија, потврди дека Мицкоски управува со судовите со јавно изнесување информации од судски процес кој се уште трае.

„Мицковски си поставува судии и обвинители под негова контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, сега советник на Мицкоски во Уставниот суд. Се носат закони за правосудство кои не е во согласност со препораките на ЕУ“, нагласуваат од Бихаќка.

Наместо реформи Владата намерно отвора кавги со соседите, за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите, потенцираат опозиционерите, и води анти ЕУ кампања со обвинувања дека Европа е виновна.

„Високи 71% од граѓаните даваат поддршката за членство во ЕУ што значи дека  политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот“, се истакнува во реакцијата на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен