Поранешниот принц Ендру е притворен во мала ќелија и ќе остане таму

Ендру
Katie Chan, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Поранешниот британски член на кралското семејство Ендру(Андру) Маутбатен Виндзор денес е притворен по апсењето во рамки на истрага за сомнение за „несовесно вршење јавна функција“ (misconduct in public office). Полицијата соопшти дека осомничениот „останува во полициски притвор“ додека траат распитите и претресите поврзани со случајот.

Според објаснувањата што ги пренесуваат повеќе медиуми, станува збор за притвор во т.н. custody suite – стандарден притворски блок во полициска станица, каде што приведените чекаат распит. Тоа практично значи мала ќелија со основни услови (кревет и санитарен јазол), под режим на редовни проверки, без „посебен третман“ додека трае полициската постапка.

Истрагата, според Thames Valley Police, е поврзана со наводи дека за време на неговиот поранешен државен ангажман како трговски пратеник биле споделувани доверливи службени информации со Jeffrey Epstein. Дел од материјалите за кои се тврди дека ја поттикнале истрагата произлегуваат од објавувања од САД во т.н. „Епштајн фајлови“, по што се интензивирале барањата за кривично-правна проверка и во Обединетото Кралство.

Паралелно со апсењето, полицијата врши претреси на адреси во Норфолк и Беркшир. Медиумите наведуваат дека меѓу проверуваните локации се спомнуваат имот на Сендрингам и резиденцијата Royal Lodge, но официјалните детали за конкретните адреси се ограничени поради тековната истрага.

Реакцијата од Кралот Чарлс III е внимателно формулирана: дека „законот мора да си го земе текот“ и дека институциите ќе соработуваат ако бидат побарани. Во оваа фаза, клучното прашање е процесно: дали Crown Prosecution Service ќе одобри поднесување обвинение, или случајот ќе продолжи како истрага со евентуално пуштање на слобода со мерки, додека се прибираат докази.

Зачлени се на нашиот е-билтен