Гасне олимпискиот оган – еве зошто во 20:30 да сте пред ТВ

Screenshot

Вечерва олимпискиот оган се гаси на сосема необично место, во античката Арена во Верона, претворена во „Verona Olympic Arena“ само за една ноќ. Првпат затворачка церемонија на Зимски олимписки игри се одржува во УНЕСКО споменик, со концепт „Beauty in Action“ што спојува спорт, опера, балет и поп-шоу во ист кадар.

Церемонијата почнува во 20:30 со пренос преку истите ТВ и стриминг платформи на кои ги гледавте натпреварите од Милано–Кортина, како и преку официјалните канали на МОК и olympics.com. Главна атракција се настапите во живо во самиот амфитеатар – со балетската ѕвезда Роберто Боле, голем оркестар и спектакуларна сценографија што ја користи архитектурата на Верона како дел од шоуто.

Секако, тука се и „задолжителните” моменти: марш на атлетите без строги национални блокови, симболичното гасење на олимпискиот оган и предавањето на знамето на следните домаќини – Француските Алпи 2030. Но вистинскиот мамац за гледачите е ретката шанса да видат како Олимпијадата се збогува не од модерен стадион, туку од камен амфитеатар каде обично се пеат Верди и Пучини. Ако некогаш имало затворачка церемонија дизајнирана за споделување, оваа во Верона изгледа токму така.

Зачлени се на нашиот е-билтен