Зоран Јовановски и неговиот тим тренери утре патува за Италија за да учествува на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина, како прв претставник од независноста на Македонија на едни параолимписки игри.
Јовановски со со залагањата на Скијачката федерација на Македонија, доби вајлд карта за учество од Меѓународниот параолимписки комитет и тој ќе настапи на игрите од 28.02-17.03.2026 година придружуван од своите тренери Јане Стефанов, Петар Илев и Вангел Тркаљанов, докторот Елвис Алексовски и Шефот на Мисија, Бранимир Јовановски.
Зоран Јовановски и неговите тренери ќе пристигнат неколку дена порано за да се адаптираат на условите што ги нуди организаторот и да ги направат последните подготоввки пред официјалниот настап.
Зоран Јовановски и целиот негов стручен вложија исклучителни напори, пожртвованост и упорноста во параолимпискиот циклус. Тој ќе настапи на игрите во единствената дисциплина во која му е одобрен настап: Слалом-мажи класа седење LW11.
Инаку малку историја за потсетување, прв настап воопшто на едни Параолимписки игри на еден македонски спортист со инвалидност се случил на првите организирани зимски Параолимписки игри во Örnsköldsvik, Шведска во 1976, со настапот на Сашо Панов, тогаш во состав на тимот на СФРЈ.