ПКМ го објави најновиот сингл и видео запис „Крив Правец”

ПКМ

Хип-хоп артистот ПКМ го објави најновиот сингл и видео запис “Крив Правец”.

Станува збор на моќна социјална хип хоп нумера која го отсликува реалноста на денешното општество и економска несигурност и масовна миграција. ПКМ – Пупе Кељавиот од Мичурин го претставува видео спотот „Крив Правец“, како, како што вели авторот, урбана хроника на македонската реалност.

„Заглавен во калта… барам излез, џаде, но немам каде“ – ова не е само метафора, туку чувство на цела генерација. Песната зборува за систем во кој „секој втор овде е криминалец“, каде интелектуалецот е обезвреднет, а младите избираат „арабајтен или легија на странец“.

Со музичка поддршка од Ошав Продукција и продукцискиот тим составен од Тец (The Most Wanted), Maц AД Скопје и Христијан Леви, песната добива модерен, но мрачен звук кој ја следи тематиката. 

Визуелниот дел, реализиран од S.B Studio Sky Camera, под режија на Иван Солунчев, со актерите Нино Леви, Александар Михајловски Хонда , Драгана Бешекич и Ана Марија Стојановска, ја доловува атмосферата на безизлезна борба во овој лавиринт.

„Крив Правец“ е повеќе од музички проект – тоа е социјална исповед, крик против економската неправда и сведоштво за време во кое многумина се чувствуваат како да одат во еден правец – без враќање.

Плус информација: Оваа година 2026-та ке биде промовиран хип-хоп деби соло албумот на ПКМ кој го носи називот ,, Aвтобиографија ” 

Зачлени се на нашиот е-билтен