Театар Штип со бесплатна изведба ќе го одбележи 27 март – Светскиот ден на театарот 

По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, НУЦК „Ацо Шопов” – Театар Штип ќе го одбележи овој значаен датум со изведба на комедијата „Случајната смрт на еден анархист” од Дарио Фо.

Настанот ќе се одржи на 27 март 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Театар Штип, а влезот ќе биде слободен за публиката, со претходна резервација поради ограничен број на места.
Станува збор за една од најпопуларните претстави на репертоарот, која преку хумор и сатира обработува теми блиски до современото општество и секојдневието, предизвикувајќи силна реакција кај публиката.

Во претставата настапуваат: Ефтим Трајчов – Ѓаурски, Милорад Ангелов, Марија Минчева Андонов, Никола Кузелов, Стефанија Митовска и Ава Хусеини.

Од НУЦК “Ацо Шопов” – Театар Штип, упатуваме покана до публиката заедно да го одбележиме овој значаен ден за театарската уметност и да уживаме во една вечер исполнета со смеа и уметност.

Резервации може да се направат на телефонските броеви:
070 729 430 / 071 394 517 / 070 933 002.

Зачлени се на нашиот е-билтен