Откриени мотивот, жртвата и убиецот од убиството во Охрид


Откриени се сторителот и жртвата од вчерашното убиство во Охрид. Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчистило убиството на 76-годишен охриѓанец, чие безживотно тело вчераутро било пронајдено во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид. Станува збор за Климе Митревски (Според Охрид1) а мотивот е имот вреден над еден милион евра во старото охридско јадро, по претходно склучен договор за доживотна издршка.

Сторителот е идентификуван и приведен набрзо по извршување на злосторството.

За убиството е осомничен Жарко Грозданоски од Брвеница кај Тетово, специјалист-анестезиолог и вработен во Клиничка болница Тетово. Според истрагата, Грозданоски и Митревски претходно склучиле договор за доживотна издршка, со кој Грозданоски се обврзал да го чува и негува Митревски во замена за наследство.

Името на Жарко Грозданоски од Брвеница се поврзува и со настан кога бил уапсен и во 2019 година во својство на лидер на организацијата „Христијанско братство“, кој со видео–снимка објавена на социјалната мрежа Фејсбук му се заканувал на премиерот Зоран Заев и на сите останати членови на Владата.

Зачлени се на нашиот е-билтен