МВР реализираше акција против кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“

МВР

На 2 април 2026 година, Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи (МВР), во соработка со СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, реализираше сеопфатна акција насочена кон откривање на сторители на кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ според член 193-а од Кривичниот законик.

Операцијата опфати претреси на седум локации низ државата, при што беа одземени компјутерска опрема и дигитални податоци кои ќе бидат предмет на форензичка анализа.

Целта на овие активности е обезбедување докази за криминални дејствија кои вклучуваат злоупотреба на деца преку интернет, што претставува сериозен безбедносен предизвик за институциите.

При претресите, се очекува да бидат одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.

Некои медиуми пренесуваа дека, едно од лицата кај кого се врши претрес е Б.К. од Струга за кого постојат информации дека е претседател на бугарско здржение „Струмичка петорка“, кој воедно е и водител на подкаст.

Кривичното дело за кое се води истрагата, предвидено во член 193-а од Кривичниот законик, е едно од најтешките дела против половата слобода и моралот.

Зачлени се на нашиот е-билтен