Кој спречи „војна на векот“, тајна дипломатија зад договорот меѓу САД и Иран

Војната

Додека светот стравуваше од целосна ескалација и дури „уништување на цивилизацијата“, зад сцената се одвивала интензивна дипломатска операција што, според аналитичарите, спречила голема војна меѓу САД и Иран. 

Клучна улога во смирувањето на тензиите одиграл командантот на пакистанската армија Асим Мунир, кој посредувал меѓу двете страни преку тајни и доверливи канали. Овие комуникации траеле со недели и овозможиле размена на пораки во момент кога директен дијалог бил речиси невозможен. 

Неговата предност била што ужива доверба и кај Доналд Трамп и кај иранските воени структури, што го направило еден од ретките посредници способен да гради мост меѓу спротивставените страни. 

Покрај Пакистан, во дипломатските напори учествувале и Кина, Египет и Турција, кои вршеле притисок за деескалација. Особено Кина одиграла важна улога, користејќи го своето влијание врз Техеран за да се отвори простор за компромис. 

Како резултат на овие напори, САД и Иран постигнале привремено примирје, кое вклучува повторно отворање на Ормуски теснец – клучна рута за глобалната трговија со нафта. Овој потег беше пресуден за стабилизирање на пазарите и избегнување на поголем економски шок. 

Иран, пак, поставил свои услови, меѓу кои укинување на санкциите, ослободување на замрзнатите средства и гаранции дека ќе може да развива нуклеарна програма за мирнодопски цели. 

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се споменува како еден од политичарите кои изгубиле најмногу од овој развој, бидејќи претходно поддржувал поостра ескалација на конфликтот. 

Иако постигнатото примирје се смета за голем дипломатски успех, аналитичарите предупредуваат дека ситуацијата останува кревка. Преговорите продолжуваат, а конечен договор сè уште не е постигнат, што значи дека ризикот од нова ескалација не е целосно отстранет. 

Зачлени се на нашиот е-билтен