Астронаут ја „прошверцува“ маскотата од мисијата Artemis II

Астронаутот Reid Wiseman неочекувано го прекрши протоколот за време на мисијата на NASA, откако тајно понел една необична „сувенир“ – плишана играчка од леталото.

Светот со воодушевување ја следеше историската мисија Artemis II, во која екипажот патуваше околу Месечината и назад – едно од најоддалечените патувања во вселената досега. Но, зад големиот успех се крие и една симпатична, но неочекувана приказна.

Имено, Висеман не можел да одолее и со себе ја понел маскотата „Rise“, иако таа требало да остане во леталото.

„Требаше да ја оставам… но едноставно не можев“, напиша астронаутот на социјалните мрежи.

Играчката била внимателно спакувана во водоотпорна кеса од опремата за преживување и прикачена на неговото вселенско одело, далеку од очите на контролата.

Она што ја прави оваа маскота уште поинтересна е нејзиното потекло. „Rise“ е дело на осумгодишно дете, избрано меѓу илјадници предлози од целиот свет. Дизајнот претставува Месечина со капа во форма на Земјата, украсена со ѕвезди.

Во неа се наоѓа и SD-картичка со повеќе од пет милиони имиња на луѓе кои сакале симболично да „патуваат“ во вселената. Дополнително, на играчката е испишано и името на кратер на Месечината, именуван во чест на покојната сопруга на Висеман.

Но „Rise“ не била само симболична маскота – таа имала и практична улога. Служела како индикатор за бестежинска состојба, почнувајќи да лебди во моментот кога леталото ќе влезе во вселената.

По десетдневната мисија, екипажот беше пречекан како херои, а вниманието го привлече токму моментот кога Висеман излезе држејќи ја играчката во рака.

Сега, „Rise“ останува кај него и неговото семејство.

Ова не е првпат вакви симболични предмети да патуваат во вселената. Уште Yuri Gagarin носел мала кукла на својот историски лет, додека ликот на Snoopy летал со американскиот шатл, а дури и Shaun the Sheep беше дел од една од поновите мисии.

Овојпат, пак, една мала играчка успеа да стане голема приказна – и потсетник дека и во најстрогите мисии, човечкиот фактор секогаш наоѓа начин да излезе на површина.

Зачлени се на нашиот е-билтен