Овие дестинации се хит за лето 2026

Многумина го знаат чувството кога ќе откријат „скриен бисер“ и сакаат да го задржат само за себе. Токму таквите дестинации стануваат сè попопуларни во 2026 година, бидејќи туристите бегаат од масовниот туризам и бараат поавтентични искуства – без да го испразнат буџетот.

Според податоците на туристичката асоцијација ABTA, сè повеќе Британци годинава планираат да посетат земји во кои досега не биле, а дури двајца од петмина се решаваат на таков чекор. Причините се различни – од геополитичките тензии на Блискиот Исток до растот на трошоците за живот, што кај дел од луѓето доведува и до целосно откажување од патувања.

За оние што сепак сакаат летен одмор, но со поинаков карактер и поприфатливи цени, овие дестинации моментално се во фокусот.

Црна Гора – мала земја со големи можности

Црна Гора сè почесто се појавува како „скриен туристички бисер“ на социјалните мрежи. Нејзината предност е што нуди разновидно искуство – плажи, планини и историски градови, сè во рамки на едно патување.

„Ако сте на море, веќе следниот ден можете да бидете на планина“, објаснуваат туристички експерти.

Иако не е класична семејна дестинација, нуди и опции за активен одмор. Осумдневен аранжман за семејство може да чини околу 2.120 евра по лице. Според патописци, Црна Гора нуди одличен однос цена-квалитет – „како Хрватска, но поевтино“.

Балтик – свежина наместо жештини

Естонија, Финска и Литванија стануваат сè поатрактивни за семејства, парови и соло патници. Главните адути се пониските температури, помалите гужви и добрата поврзаност.

Хелсинки и Талин се поврзани со траект, што овозможува лесно комбинирање на дестинациите. Во јули температурите во Талин ретко надминуваат 21 степен.

Литванија, пак, привлекува со културно наследство, вклучително и пет локалитети под заштита на УНЕСКО. Туристите сè повеќе го доживуваат патувањето како дел од авантурата, а не само како пристигнување на крајната дестинација.

Албанија – новата ѕвезда на Медитеранот

Албанија во последните години се наметнува како една од најбрзо растечките туристички дестинации, особено кај младите.

„Имате плажи како во Грција, но по значително пониски цени“, велат патничките блогери.

Покрај морето, земјата нуди и богато културно наследство, со градови како Берат и Ѓирокастра. Седумдневен all-inclusive аранжман за пар чини околу 1.630 евра, додека семејство од четири лица би платило околу 2.670 евра.

Шпанија – подалеку од туристичките гужви

Иако останува една од најпопуларните дестинации, туристите сè повеќе избираат помалку експонирани региони како Астурија и Ла Риоха.

Овие делови нудат поразлично искуство – комбинација од плажи, планини и природа, но без преголеми гужви.

Градови како Сан Себастијан и Билбао стануваат хит меѓу оние што бараат баланс меѓу автентичност и туристичка понуда – далеку од масовноста на Барселона.

Зачлени се на нашиот е-билтен