Едно лице загина, а седум други се повредени откако тролејбус излетал од патот и се забил во супермаркет во Салцбург, Австрија, соопшти Црвениот крст.
„Едно лице почина и покрај напорите за реанимација“, изјави портпаролката на Црвениот крст за АФП. Седум повредени лица се однесени во болница, од кои двајца се во сериозна состојба, додаде таа.
Властите сè уште не објавија никакви детали за починатите или околностите на несреќата, која се случи на раскрсница во северниот дел на градот. Бројни спасувачки служби се испратени на местото на настанот.