При назначувањето на новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, еден значаен факт од нејзината политичка биографија беше изоставен. Таа одигра клучна улога во одобрувањето на преговарачката рамка предложена од француското претседателство со Советот на ЕУ во јуни 2022 година, што му го отвори патот на Македонија кон членство во ЕУ, објави БГНЕС.
Како заменик-министерка за надворешни работи во кабинетот на Кирил Петков, Велислава Петрова-Чамова учествуваше во сите подготвителни преговори, појаснувања и подготовка на финалната верзија на таканаречениот „француски предлог“, кој ги премести билатералните спорови на европско ниво. Во тоа време, самиот Петков јавно призна дека не го прочитал документот и целосно им верува на експертите во бугарското Министерство за надворешни работи.
Според постигнатиот договор, кој беше ратификуван од двата парламента, Северна Македонија се обврза да ги вклучи Бугарите во својот основен закон на рамноправна основа со другите народи. Скопје мора да го спроведе Договорот за добрососедство од 2017 година, кој е дел од процесот на следење на ЕУ. Бугарија го признава постоењето на современ македонски јазик како што е формулиран во уставот на РСМ. Во исто време, властите во Скопјe се должни да стават крај на говорот на омраза, како и да ги декласификуваат досиејата на злокобните служби од времето на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито.
Бугарскиот парламент гласаше со големо мнозинство – 170 гласови „за“ – одлука со која владата доби мандат да ја одобри преговарачката рамка. Во Северна Македонија, по тридневна дебата, парламентот во Скопјe беа усвои заклучоците за францускиот предлог со 68 гласови „за“ од 120-те пратеници.
На 19 јули 2022 година, во Брисел се одржа првата политичка меѓувладина конференција, со што симболично започнаа преговорите. Сепак, суштинските преговори (отворање на кластери) се блокирани бидејќи Северна Македонија сè уште не го исполнила главниот услов од предлогот – амандманот на Уставот.
Поради одбивањето на Македонија да ги исполни условите за почеток на преговорите за членство во ЕУ, земјата беше одвоена од Албанија и така Тирана ги започна преговорите и напредува по патот на европската интеграција. Македонскиот премиер неодамна изјави дека е „подготвен да чека децении“ за почеток на преговорите.
Во текот на изминатите две години, сите европски лидери – претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, претседателот на ЕУ, Антонио Кошта, како и бројни европски комесари лично во Скопје – ја повикаа Северна Македониа да ги спроведе постигнатите договори.