Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Швајцарците гласаат на два референдуми

 Швајцарците денеска на два референдуми гласаат за нов закон за заштита на климата и повисоки даноци на добивка.

Анкетите покажуваат дека и двете мерки ќе поминат, а резултатите се очекуваат во раните попладневни часови.

Парламентот веќе го усвои нацрт-законот за климата, но конзервативната Швајцарска народна партија (СВП) го отфрла, тврдејќи дека тоа би предизвикало експлозија во растот на цените. СВП собра доволно потписи за да изнуди референдумско гласање.

Законот има за цел да ја направи Швајцарија климатски неутрална до 2050 година. За да се постигне ова, штетните емисии мора да се намалат за 75 отсто до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година. Треба да се намали потрошувачката на фосилна енергија.

Швајцарската влада со финансиски стимулации сака да го поттикне напуштањето на греењето со нафта и гас. Компаниите, исто така, ќе добијат поддршка за да им се помогне во транзицијата кон технологии кои се попогодни за климата.

За оваа намена се достапни 3,2 милијарди швајцарски франци во период од десет години.

Швајцарија сè уште увезува околу три четвртини од својата енергија. На Алпите се планирани големи паркови со соларни панели и повеќе турбини на ветер.

Во случајот со данокот на добивка, се работи за спроведувањето на одлуката на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), која бара меѓународните компании со продажби од најмалку 750 милиони евра да се оданочуваат со стапка од најмалку 15 отсто.

Даночните стапки во швајцарските кантони во некои случаи се значително пониски и затоа се особено привлечни за мултинационалните корпорации. Базел и Цуг, дом на големи фармацевтски и трговски групи, најмногу би имале корист од повисоките даночни приходи.

Зачлени се на нашиот е-билтен