Одредени региони во Турција се погодени од поплави по обилните дождови и излевање на реките, а нјапогоден е регионото Самсун
Според информациите на турските медиуми најмалку 12 лица се повредени а предизвикана е и материјална штета која допрва треба да се процени.
Реките во провинцијата Самсун синоќа се излеаја како последица на врнежите, а водата носела автомобили и поплавила куќи.
Ниту еден од повредените не е во животна опасност. Медицинските тимови на некои од повредените им укажаа помош на самото место.
Пожарникарите, припадниците на полицијата и службите за вонредни состојби се распоредени во загрозените подрачја со цел да им помогнат на жителите и да го исчистат теренот.