Земјиштето за Лидл повторно го отвори спорот за Куманово

ЗНАМ

СДСМ повторно ја отвори темата за урбанистичките измени во Куманово поврзани со земјиште на кое треба да се гради објект на „Лидл“, обвинувајќи дека случајот покажува судир на интереси и можна злоупотреба на јавна функција.

Партијата тврди дека Драган Митевски, кум на градоначалникот Максим Димитриевски, купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра, а потоа го препродал на „Лидл“ за 600.000 евра. Според партиските наводи, по трансакцијата следела постапка за измена на Деталниот урбанистички план, што било реализирано со одлука на Советот на Општина Куманово.

Случајот не е нов во јавноста. Минатата година беше објавено дека иницијатори на измените во ДУП се Џино Реџина и Драган Митевски, а финансиер е „Лидл Македонија“. За измените тогаш гласале советници од мнозинството, додека дел од опозицијата предупредуваше на можен конфликт на интереси.

Димитриевски претходно ги отфрлаше обвинувањата, наведувајќи дека не станува збор само за земјиште на неговите родители, туку за имот на повеќе членови од неговото семејство, и дека нема да спречи постапка што законот ја дозволува. Тој тврдеше и дека опозицијата ја блокира една од најголемите инвестиции во Куманово.

Најчитано