Москва под најголем украински напад со дронови во последната година

Најмалку четири лица загинаа во масовен украински напад со дронови врз повеќе руски региони, од кои три во Московската област и едно во Белгород. Руските власти тврдат дека нападот врз Москва бил најголем во последната година.

Во Московската област загинале жена во Химки и двајца мажи во селото Погорелки. Повредени се 12 лица, најголем дел во близина на московската нафтена рафинерија, каде биле пријавени оштетувања, но не и удар врз клучната технологија на објектот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта и утрото биле соборени 556 украински дронови над повеќе региони, од кои 81 околу Москва. Остатоци од дронови паднале и на територијата на аеродромот Шереметјево, но без пријавена штета.

Нападот доаѓа по новиот бран руски удари врз украински градови и покажува дека војната сè повеќе се префрла во длабочина на територијата на двете држави, со дронови како главно оружје во меѓусебните удари.

Најчитано