Кај „Лимак“ се менува сообраќајот, една улица станува еднонасочна

Скопје

Град Скопје воведува нов сообраќаен режим на улиците што се приклучуваат кон подземната сообраќајница под зградите на „Лимак“. Со измените, од Јужен булевар повеќе нема да може да се врти лево кон улицата што води кај Тутунски комбинат.

Движењето на таа улица ќе биде во спротивна насока – од Тутунски комбинат кон Јужен булевар, за влез во подземната улица. Од Јужен булевар кон Кисела Вода ќе се вози по улицата што минува кај кафеаната „Ив“, која исто така ќе биде еднонасочна.

На тој потег е предвиден и семафор за вртење лево и приклучување кон улицата Есенинова, од каде сообраќајот продолжува кон Општина Аеродром. Градежните работи за проширување и новиот режим треба да завршат до крајот на месецот.

Со реконструкцијата, делот кај крстосницата на улицата „11 Октомври“, од Центар кон Кисела Вода и Тутунски комбинат, од три е сведен на две ленти. Проектот за првата фаза од подземната сообраќајница чини 77 милиони денари, односно околу 1,2 милиони евра.

Најчитано