СДСМ: Власта призна за идентитетот, сега е ред на малцинствата

СДСМ обвини дека власта со години водела кампања со тврдења за загрозен македонски идентитет, а сега, како што наведуваат од партијата, нејзините највисоки претставници самите ги потврдиле спротивните позиции.

Од партијата посочуваат дека премиерот Христијан Мицкоски претходно го нарекол Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“, министерот Тимчо Муцунски ја оценил НАТО-интеграцијата како позитивна, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова кажала дека прашањата за македонскиот јазик, култура и идентитет се апсолвирани.

СДСМ бара власта да го примени истиот пристап и за уставните измени, наведувајќи дека внесувањето на малцинствата во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет. Малцинствата, велат од партијата, се македонски граѓани, соседи, колеги и сограѓани, а не непријатели на државата.

Партијата оценува дека вистинскиот ризик за Македонија не се малцинствата, туку корупцијата, изолацијата и блокадата на европскиот пат.

Најчитано