Видео: Приказната за Лили ја открива невидливата борба на децата со ХАЕ

ХАЕ Македонија го претстави краткиот анимиран филм „Што ѝ е на Лили?“, посветен на децата кои живеат со хередитарен ангиоедем – ХАЕ, ретка и често невидлива болест која тешко се препознава.

Филмот, создаден од членови на ХАЕ Македонија, е инспириран од вистински искуства на деца и семејства кои се соочуваат со оваа состојба. Преку приказната на Лили, авторите сакаат да ја подигнат јавната свест, да поттикнат емпатија и да помогнат симптомите да се препознаат порано, за децата и возрасните навреме да добијат соодветна дијагноза.

Инспирација за филмот е десетгодишната Бисера Поповска. Илустрацијата и анимацијата се на Инес Георгиевска, идејата и продукцијата се на Верче Јовановска и Наташа Јовановска Поповска, координацијата за voice-over и музика е на Јана Андрејевиќ-Лазарова, а наратор е Веда Лазарова.

Најчитано