Парада на гордоста на 27 јуни во Будимпешта

Организаторот на Будимпештанската парада, Фондацијата „Виножито мисија“ (Szivárvány Misszió Alapítvány) објави дека Будимпештанската парада на гордоста ќе се одржи на 27 јуни. Организаторите го пријавиле собирот во полиција во среда, 27 мај, се вели во соопштението, пренесува унгарскиот портал HVG.

Фондацијата „Мисија на виножитото“ планира слободен и мирен протест во главниот град на Унгарија, но тие сметаат дека Законот за собири мора да се измени што е можно поскоро, пишува HVG .

Унгарскиот портал потсетува дека минатогодишниот јубилејен триесетти Будимпештански прајд се одржа со помош на градот Будмипешта, бидејќи полицијата првично го забрани неговото одржување, делумно поради изменетиот Закон за заштита на децата, но и затоа што некој претходно пријавил друг вид настан во исто време и на истото место.

Сепак, Будимпештанската парада, која беше преименувана во Парада на гордоста, се одржа благодарение на соработката со градската администрација на Будимпешта, бидејќи на тој начин тие не беа обврзани да го пријават собирот во полиција, односно не можеа да го забранат.

Начинот за одржување на Парадата на гордоста го пронајде и го спроведе во пракса градоначалникот на Будимпешта, Карачони Гергели, поради што подоцна против него беше покрената кривична постапка, која беше суспендирана од судот во март оваа година, а случајот беше упатен до Уставниот суд.

Министерот за внатрешни работи Габор Посфаи (Посфаи Габор) неодамна, како кандидат на партијата Тиса за министер, изјави дека мора да биде можно да се одржи Парадата на гордоста, но дека измената на Законот за собири не е меѓу првите приоритети, односно задачите на новата влада.

„Иако повеќе не се бориме за опстанок, нè очекуваат многу задачи. Промената на системот не е целосна без измена на Законот за собири или бришење на таканаречениот Правилник 33 (кој забранува признавање на промена на полот или името за трансродови и интерсексуални лица). Владата на Фидес ги погази правата на ЛГБТК заедницата, а за да се отстрани нивното штетно наследство, потребно е да се обноват и подобрат тие права“, рекоа организаторите на Парадата на гордоста во Унгарија и ги поканија сите да им се придружат на 27 јуни на мирна поворка, како што беше практика во претходните години, се вели во текстот на унгарскиот портал HVG.

Mинатата година се одржа најголемата Парада на гордоста во историјата на Будимпешта, на која се собраа околу 200.000 луѓе, кои се побунија против сега соборениот режим на Виктор Орбан.

Најчитано