Хрватска ќе добие Ф1 патека

Хрватска е на пат да изгради патека за Формула еден и со тоа да стане првата балканска држава која има ваков објект.

Меѓународниот автодром „Croatia Ring“ направи огромен чекор напред откако хрватското Министерство за заштита на животната средина го одобри еколошкиот елаборат за овој грандиозен проект. Со ова се отвора патот за изградба на модерен комплекс.

Највисоки ФИА стандарди на патеката крај реката Корана

Проектот се планира да се гради северно од градот Слуњ, поточно на подрачјето меѓу населбите Вељун и Благај, во непосредна близина на реката Корана. Интересно е што точната локација на идниот автодром веќе може да се најде и е означена на „Google Maps“ под името „Croatia Ring“.

Самата патека е проектно замислена според „FIA Grade 1“ спецификациите. Ова е највисоката можна категорија на хомологација која овозможува организирање на трки од највисок ранг, вклучувајќи ја и Формула 1. Главниот дел од автодромот ќе го сочинува патека со должина од 4,2 километри, која ќе содржи 12 свиоци и висинска разлика поголема од 34 метри. Патеката ќе има повеќе различни конфигурации за користење и ќе биде наменета за автомобилски и мотоциклистички натпревари, тестирања на возила, комерцијални настани и школи за безбедно возење.

Најчитано