Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарскиот министер за внатрешни работи пристигна во МВР на средба со Спасовски

Двајцата министри ќе имаат тет-а-тет-средба, по што ќе следува и официјална средба на двете делегации од МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Бугарија

Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и мир и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, пристигна во Скопје.

Тој се наоѓа во МВР на средба со неговиот македонски колега Оливер Спасовски на која треба да се разговара за одбележувањето на 4 февруари – 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

„Добре дојде за мојот колега Иван Демерџиев, заменик-претседател на Владата за Јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија, којшто предводи висока делегација од МВР на соседна Република Бугарија во работен престој во МВР на Република Северна Македонија. Ќе оствариме тет-а-тет средба, по што следи и официјална средба на двете делегации од МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Бугарија“,напиша министерот Спасовски на социјалните мрежи објавувајќи и фотографии од пречекот.

Двајцата министри нема да имаат заедничка прес-конференција, туку како што објавија од МВР, ќе има соопштение.

По седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски на 23 јануари, 4 февруари беше посочен како настан од висок безбедносен ризик со оглед дека е најавено доаѓање на бугарски граѓани во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново