Герасимовски: Ќе ја решиме бучавата во Капиштец, прво со мерачи за бучава, следуваат и други мерки

Герасимовски

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, вчера доцна попладне беше меѓу жителите на Капиштец на нивниот собир посветен на проблемот со прегласната музика и нарушувањето на јавниот ред и мир во населбата.

На социјалните мрежи напиша дека ги слушнал забелешките на граѓаните, нивните предлози и барања.

„Заеднички разговаравме за можните решенија и мерките што Општина Центар ги презема во рамки на своите надлежности. Една од новините е што наскоро граѓаните ќе имаат увид во податоците од дигиталните мерачи за бучава, кои ќе бидат јавно достапни преку ГИС-платформата и веб-страницата на Општина Центар“, објави Герасимовски.

Герасимовски истакнува дека ќе продолжи да биде присутен на терен и во директна комуникација со граѓаните, затоа што само преку заеднички дијалог можеме да дојде до трајни решенија за подобар квалитет на живот во секоја населба.

Најчитано