Три дена не функционира апликацијата Мој ДДВ

ДДВ

Трет ден апликацијата „МојДДВ“, со која граѓаните скенираат фискални сметки е надвор од функција.

Граѓани на социјалните мрежи се жалат дека апликацијата постојано покажува дека нема „конекција со УЈП“ и со тоа им се ускратува правото на зголемен поврат на ДДВ.

И самата УЈП која е носител на проектот извести дека апликацијата се соочува со проблеми и најави брзо решавање, но веќе трет ден Мој ДДВ не дозволува скенирање на сметки.

Во последната година оваа мерка, која е многу популарна кај граѓаните, постојано доживува проблеми и доцнење со исплатата. Од УЈП се правдаат дека сето ова е поради технички проблем, без да наведат и други причини.

Дополнително, во неколку наврати од директорката на УЈП тврдеше дека оваа мерка не ја исполнило својата цел, но дека засега не се планира нејзино укинување.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?