Девојка од Македонија загина во сообраќајка во Албанија

26 годишна државјанка на Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 11:30 часот на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија.

Според првичните информации, автомобил управуван од жителка на Корча (Албанија) се судрил со возило со македонски (струшки) регистарски таблички, кое го управувала државјанка на Македонија од Ливада, Струга.

Во несреќата смртно настрадала 26-годишната Е.Л., која била сопатничка во возилото со македонски таблички. Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила.

Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност.

На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир.

Најчитано