Под диригентската палка на Најден Тодоров, речиси 240 музичари и уметници од Грција, Северна Македонија и Бугарија ќе изведат на сцената едно од најпрепознатливите дела на 20 век.
Заеднички ќе ја изведат „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во сабота, 20 јуни 2026 година, во 21:00 часот, во Градскиот парк во Скопјe (спроти Националната арена „Тодор Проески“).
Овој концерт на отворено ќе ги собере Солунскиот државен симфониски оркестар, Филхармонијата на Република Северна Македонија и Софиската филхармонија.
На концертот ќе настапат и меѓународно признатите солисти Ана Дурловски, сопран, Николас Спанос, тенор и Иво Јорданов, баритон, заедно со Хорот на Музичкото училиште во Солун и Детскиот хор „Пиколо“.
Влезот е бесплатен.
„Кармина Бурана“ (латински: Carmina Burana) — сценска кантата на германскиот композитор Карл Орф, компонирана помеѓу 1935 и 1936 г. Се заснова е на 23 песни од збиркаta средновековни текстови и песни Кармина Бурана, пронајдена во манастир во јужна Германија. Го носи и нејзиното име. Кантатата е дел од Орфовиот триптих кантати пишувани врз латински текстови „Трионфи“, заедно со Кармина Катули и Трионфо ди Афродите. Најпознатото парче од ова дело е „Фортуна Императрикс Мунди“ („О фортуна“), со кое се отвора и затвора ова дело.
