НЕ за нова дозвола за старо труење, порачаа од „Стоп за Усје“

„Стоп за Усје“

НЕ за нова дозвола за старо труење, порачаа од „Стоп за Усје“ на денешниот протестен марш во Скопје против издавањето на нова А-интегрирана дозвола на цементарницата „Титан УСЈЕ“. Како што беше и најавено, маршот почна пред Собранието, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за животна средина, кое треба да издаде нова дозвола на цементарницата.

Граѓаните во маршот носеа транспаренти на кои пишуваше „Нашите бели дробови не се Вап филтер“, „Во Македонија едно од девет бебиња умира од зафаден воздух“, „Титан Усје ни ја уништува нашата иднина“.

Според граѓанската иницијатива, маршот е организиран поради сериозните недостатоци во постапката за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата „ТИТАН Усје“.

„Стоп за Усје“ е на ставот дека верзијата на барањето која е објавена за увид не само што не е подготвена според идните стандарди, туку содржи и помалку информации од постојната дозвола. Во документот се наведени гранични вредности за само три загадувачи, кои се идентични со оние од старата дозвола и се до осум пати повисоки од важечките стандарди во Европската Унија.

За „Сто за Усје“ уште позагрижувачки е што целосно недостасуваат гранични вредности и обврски за мониторинг за едни од најопасните загадувачи – тешки метали, диоксини и фурани. Станува збор за супстанции со сериозни последици врз здравјето на луѓето и животната средина, а токму нивните емисии се поврзуваат со согорувањето на алтернативни горива, за кои „Усје“ во новата дозвола бара зголемување на количините за употреба, без во барањето да бидат предвидени соодветни мерки за контрола и мониторинг на овие опасни загадувачи!

Најчитано