На вчерашното свечено одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев им доделе и признанија за управување со квалитет во јавниот сектор, кои ги врачи министерот Минчев.
Првото место го освои Министерството за дигитална трансформација, второто место Агенцијата за храна и ветеринарство, а третото место Институтот за акредитација.
Овој настан, на кој присуствуваше претседателот на Владата, проф. Д-р Христијан Мицкоски, како и останатите министри и директори на јавни претпријатија, агенции и државни компании, е за чудење ако се знае дека признанија за квалитет на јавниот сектор можат да доделуваат само граѓаните или нивни организации кои ја оценуваат и вреднуваат работата на јавниот сектор кој им служи ним.
Вака испадна сами се вреднуваат сами се наградуваат.
Уште поапсурдно е што признанијата за квалитет ви извршувањето на услугите во јавниот сектор се организира на ден-два пред реконструкцијата на владата па се поставува прашање кој кого испраќаше на настанот?
По повод Денот на јавната администрација, Министерството за јавна администрација упатува честитки до сите административни службеници и вработени во јавниот сектор, со благодарност за нивната посветеност, професионалност и секојдневен придонес во функционирањето на институциите и обезбедувањето услуги за граѓаните. Нека овој ден биде потсетник за значењето на јавната служба и мотив за заедничко градење на администрација која заслужува доверба.
