Кузеска со остри обвинувања кон Мицкоски: Признал дека ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија во ЕУ

СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со своите ставови потврдил оти ВМРО-ДПМНЕ нема вистинска заложба за членството на Македонија во Европската Унија.

На прес-конференција, Кузеска изјави дека изјавите на Мицкоски претставуваат, како што рече, „отворено признание“ дека актуелната власт нема намера да го продолжи европскиот пат на државата. Таа обвини дека Владата ја оддалечува земјата од ЕУ и ги загрозува перспективите за економски развој и европски фондови.

„Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија“, изјави Кузеска, додавајќи дека, според СДСМ, Владата нема стратегија за деблокирање на евроинтегративниот процес.

Од СДСМ оценуваат дека застојот во преговорите со Европската Унија има директни последици врз државата, преку пропуштени можности за инвестиции, реформи и пристап до европски финансиски инструменти. Партијата ја повика Владата да покаже политичка волја за продолжување на евроинтеграциите и исполнување на обврските поврзани со пристапниот процес.

Најчитано