Српскa министеркa: Да бев Милошевиќ, етнички ќе го исчистев Косово

Косово
Фото: Влада на Република Србија

„Да бев Милошевиќ во 1998 година, етнички ќе го исчистев Косово.“

Ова го изјави српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, во интервју за српскиот телевизиски канал Курир.

„Ова е најсуровата квалификација што некогаш сум ја изговорилa. Не на начин на кој сакаат да нè ликвидираат, туку на начин што нема да се чувствуваат како дел од Србија и да одат во својата татковина“, додаде министерката.

Пауновиќ е позната по своите националистички ставови за Косово. Во 2022 година, кога беше заменик-претседателкa на српскиот парламент, таа повика на апсење и протерување на единствениот албански пратеник во српскиот парламент, Шаип Камбери. Тој самиот го објави ова во објава на Фејсбук.

„Ако направивме грешка со ослободувањето на Албин Курти од затвор, да не ја правиме истата грешка со тоа што нема да го уапсиме Шаип Камбери“, рече Пауновиќ за време на парламентарната дебата за дијалогот меѓу Косово и Србија.

Слободан Милошевиќ се смета за главен виновник за воените дејствија во Косово, во која беа убиени повеќе од 14.000 Албанци, а повеќе од еден милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Тој почина на 11 март 2006 година во притвор во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, каде што беше обвинет, но не го заврши судењето за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Косово.

Најчитано