Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ципрас : За СИРИЗА се затвори голем и креативен историски циклус

За СИРИЗА се затвори голем и креативен историски циклус, циклус на позитивен придонес кон општеството и земјата, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас по денешниот пораз на партијата на парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно потенцираше дека треба да се направат потребните промени за да се отвори, како што рече, нов, уште понадежен циклус. 

Посочи дека партијата ја презема одговорноста за резултатите, а членовите ќе ги донесат потребните одлуки, а во целиот тој колективен процес на реконструкција на партијата тој ќе биде првиот што се стави на располагање на партиските органи за да ја оценат неговата работа. 

-Времето, за методично да работиме со цел реконструкција на партијата, не е неограничено. Временскиот период за нашето враќање се европските избори за околу една година од сега. И тоа мора успешно да се направи бидејќи тоа го бараат потребите на граѓаните, истакна Ципрас. 

Паралелно рече дека иако „претрпеа сериозен изборен пораз“, резултатот во главно е „негативен и за општеството и за демократијата“, осврнувајќи се на обезбедениот влез во Парламентот на три радикално десничарски партии.

Зачлени се на нашиот е-билтен