ОФИЦИЈАЛНО: Ова е идеалниот тим на Мундијалот – напад од соништата

PHOTO: EPA

ФИФА го објави идеалниот тим на Светското првенство 2026, составен според гласовите на навивачите. Во нападот се најдоа трите најголеми ѕвезди на турнирот – Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Најголемото изненадување е голманот на Зеленортските Острови, Возинја. Четириесетгодишниот ветеран освоил 39 отсто од гласовите и го победил шпанскиот голман Унаи Симон, кој ја доби „Златната ракавица“.

Идеалниот тим на Мундијалот 2026 го сочинуваат:

Голман: Возинја.

Одбрана: Педро Поро, Дајо Упамекано, Лисандро Мартинез и Марк Кукуреља.

Средина: Родри, Мајкл Олисе и Џуд Белингем.

Напад: Лионел Меси, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Светскиот шампион Шпанија има тројца претставници во тимот – Педро Поро, Кукуреља и Родри. Составот беше избран од понудената листа на кандидати на ФИФА, а конечниот збор го имаа фудбалските навивачи.

Најчитано