Нема ПЕТ скенер оти мојот претходник не го одржувал, се пожали Клековски

„Јавачи на епидемијата“

Единствениот државен ПЕТ-скенер е надвор од функција, а Министерството за здравство причината ја лоцира во долгогодишното неодржување на опремата и пропустите на претходните раководства. Додека се чека дефектот да биде отстранет, пациентите кои имаат потреба од оваа дијагностика ќе мора да бидат упатувани на други достапни методи.

Од Министерството со кое раководи Сашо Клековски информираат дека застојот е предизвикан од технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот. Овластен сервисер веќе работи на дефектот, но засега нема конкретен рок кога ПЕТ-скенерот повторно ќе почне да работи.

Според објаснувањето на Министерството, проблемот не настанал сега, туку е резултат на повеќегодишно запоставување на превентивното одржување. Не бил доследно почитуван протоколот за одржување на дифузионата пумпа, кој предвидува редовно чистење и замена на маслото на секои пет години. Актуелното раководство тврди дека станува збор за наталожени системски пропусти од претходниот период.

Поради прекинот на ПЕТ-дијагностиката, Клиниката за онкологија и радиотерапија и Клиниката за хематологија се известени да прават тријажа на пациентите и, каде што е возможно, да користат други дијагностички методи.

Од Левица претходно обвинија дека апаратот со месеци не функционира и дека дел од пациентите повеќепати биле враќани, а некои биле принудени услугата да ја бараат во приватни установи или во странство. Според партијата, таквата дијагностика во странство може да чини околу 1.300 евра.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?