Лажни казни од „Безбеден град“ кружат по пораки, МВР објасни како да ги препознаете

МВР

Лажни известувања за наводни сообраќајни прекршоци повторно се испраќаат до граѓаните, а зад нив стојат фишинг-измами со кои се бара уплата или внесување лични и банкарски податоци. МВР предупредува да не се отвораат сомнителните линкови и објаснува како изгледа вистинската порака од системот „Безбеден град“.

Според Министерството, измамничките пораки наводно доаѓаат од „Оддел за моторни возила“ и известуваат дека примачот направил сообраќаен прекршок. Во нив има линк кој води до лажна интернет-страница преку која од граѓаните се бара да платат казна.

МВР наведува дека официјалната СМС-порака за регистриран прекршок има неколку јасни обележја. Испраќачот мора да биде „MVR-SC“, во самата порака задолжително се наведува регистарската ознака на возилото, а линкот мора да започнува со официјалниот домен safecountry.mvr.gov.mk.

Граѓаните се предупредуваат да не внесуваат броеви од банкарски картички, лозинки или други лични податоци на страници до кои дошле преку сомнителни пораки. Од МВР советуваат да се провери испраќачот и интернет-адресата, а сомнителните пораки да се пријават кај надлежните институции или банката.

Фишинг-нападите не се ограничени само на СМС-пораки. МВР регистрира обиди за измама и преку електронска пошта, лажни веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Секторот за компјутерски криминал продолжува со истраги за откривање на сторителите.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?