Герасимовски: Дрски лаги на ВМРО-ДПМНЕ, апликацијата на Општина Центар е изработена волонтерски

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски реагриа на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека општината потрошила над шест милиони денари за мобилна апликација.

Според Герасимовски, мобилната апликација на Општина Центар е изработена волонтерски од вработен во Општината и за нејзината изработка не е платен ниту еден денар од општинскиот буџет, а единствениот трошок поврзан со пуштањето на апликацијата изнесува околу 200 евра вкупно, за потребните надоместоци поврзани со нејзиното објавување на платформите Apple App Store и Google Play.

„Да обвиниш некого дека потрошил 6,6 милиони денари за нешто што е изработено волонтерски и за кое Општината не платила ниту денар е или сериозно непознавање на работите или свесна манипулација со граѓаните. Наместо измислени афери, очекувам да разговараме за тоа што можеме да направиме подобро за центарци. Апликацијата е токму тоа – дополнителна бесплатна алатка преку која граѓаните полесно ќе комуницираат со Општината и ќе ги користат нашите услуги”, изјави Герасимовски.

Од општина Центар посочуваат дека апликацијата е создадена за да им овозможи на граѓаните полесен, побрз и поедноставен пристап до информациите и услугите на Општина Центар преку мобилен телефон.

Податоците се преземаат директно од официјалната веб-страница на Општината, со што сите релевантни информации се достапни на едно место.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?