Владата го повикува Китановиќ да го повлече ставот

акцизите

Владата се огради од објавата на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, посветена на Ратко Младиќ и најави дека од него ќе побара да го повлече својот став. Доколку не се согласува со политиките на Владата, од Китановиќ се очекува да се повлече од функцијата што ја извршува.

„Ставот на Владата е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти“, соопшти Владата во реакцијата на објавата на Китановиќ. Оттаму нагласуваат дека Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

Владата оценува дека ставот на Китановиќ е личен и неприфатлив и дека носителите на функции мора да ги почитуваат политиките и позициите на институцијата во која работат.

„Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот“, се наведува во владината реакција. Доколку тој не се согласува со политиките на Владата, од „Илинденска“ велат дека очекуваат негово повлекување од позицијата што ја извршува.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?