„Балканска работа“: Газда во Виена уапсен за кражба на 5.000 евра од слеп гостин

Седум оброци во ресторан во Виена го чинеле 71 годишниот слеп гост точно 4.933,33 евра, откако од неговата картичка наводно биле повлекувани сè поголеми суми. Сопственикот на „Балкан грил“, Мирсад А., е уапсен по повеќемесечна истрага и се соочува со сомнежи за измама, разбојништво и подметнување пожар.

Мажот го посетил ресторанот во виенскиот округ Бригитенау седумпати во текот на две недели во мај. Поради оштетениот вид, тој не можел да го провери износот внесен во терминалот и при плаќањето со картичка му верувал на персоналот.

Според австриските медиуми, износите постепено се зголемувале, а за еден оброк од картичката наводно му биле наплатени дури 2.000 евра. Вкупно биле повлечени 4.933,33 евра.

Случајот бил откриен неколку недели подоцна, кога 71 годишникот со помош на својот асистент ги проверил банкарските изводи. Кога видел колку пари недостигаат, му се слошило и бил пренесен во болница. Парите, според неговото сведоштво, ги штедел за трошоците за сопствениот погреб.

Семејството на оштетениот побарало објаснување од ресторанот. Оттаму првично тврделе дека станува збор за техничка грешка, а потоа дека погрешните износи биле внесени поради малите копчиња на терминалот. По пријавувањето на случајот бил вратен само дел од парите.

Мирсад А. бил уапсен откако се појавил во близина на остатоците од неговиот поранешен ресторан во Флоридсдорф, кој претходно изгорел во пожар. Жена која го препознала ги известила надлежните служби, а обвинителството веќе имало одобрено негово приведување.

Австриските медиуми го поврзуваат осомничениот и со други случаи на тешка измама, разбојништво и подметнување пожар. Овие обвинувања се предмет на истрага и не се докажани со правосилна судска пресуда.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?

Веќе имате гласано на оваа акента.

⁠Информиран/а сум и не поддржувам, тоа е закана 156 (32%)
32 %
Поддржувам само ако се обезбеди заштита на животната средина 146 (29%)
29 %
Информиран/а сум и поддржувам, тоа е иднината 101 (20%)
20 %
⁠Не сум доволно информиран/а 92 (19%)
19 %