Вучиќ повторно глуми жртва: „Мене ме прислушуваа, ама не се жалев“

Вучиќ

Вучиќ повторно глуми жртва по објавувањето на наодите за шпионирање студенти и опозициски активисти во Србија, откако денеска во Руско Село кај Кикинда ги прогласи нивните тврдења за сомнежи без докази, а потоа разговорот го пренасочи кон сопственото прислушување.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека бил незаконски прислушуван и како опозициски лидер и откако станал претседател. Тој нагласи дека не правел сцени, не прогонувал никого во Безбедносно информативната агенција и дека случајот го премолчел.

Неговиот одговор следуваше по тврдењата на студентите во блокада дека членовите на нивното движење биле цел на напредни програми за надзор. Вучиќ рече дека студентите не можат да ги докажат сомнежите и оцени дека приказната ја користат затоа што немаат конкретна политичка понуда.

Проблемот за ваквата одбрана е што случајот не се темели само на политички обвинувања. Фондацијата ШЕР соопшти дека од почетокот на 2026 година најмалку 14 лица во Србија биле цел на напреден шпионски софтвер. Меѓу нив има студенти, активисти, пратеник и локален советник од опозицијата.

Во август, 12 лица добиле предупредувања од компанијата „Епл“ дека нивните телефони биле цел на напад со комерцијален шпионски софтвер. Лабораторијата „Ситизен лаб“ при Универзитетот во Торонто потврдила дека телефонот на член на студентското движење бил заразен со „Пегазус“, преку напад за кој не било потребно корисникот да отвори порака или да притисне на врска.

Форензичките анализи потврдиле и два случаи со нова верзија на програмата „НовиСпај“. Во еден од нив, софтверот бил пронајден во телефон што претходно бил одземен додека сопственикот бил на полициско испрашување. Наодите биле независно проверени од „Ситизен лаб“ и безбедносната лабораторија на „Амнести интернешнл“.

Досегашните јавно објавени податоци го потврдуваат постоењето на нападите, но не го откриваат идентитетот на операторот што го користел „Пегазус“. Студентите се сомневаат во државните структури, додека БИА ги нарече наводите сензационализам и ги обвини организациите што ги објавуваат дека работат за интересите на странски служби.

Наместо институционален одговор на техничките наоди, Вучиќ понуди лична споредба со сопственото прислушување. Од Фондацијата ШЕР побараа случаите да ги истражи Обвинителството за високотехнолошки криминал, од каде, според нив, досега не биле контактирани.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?