Прво торнадо во Детроит по 29 години: Над 250.000 корисници без струја

Торнадо во Детроит е официјално потврдено откако силното невреме во четвртокот ја погоди источната страна на градот, оштети домови и деловни објекти и собори стотици дрвја и далноводи. Тоа е првото торнадо што директно го погодило Детроит од 1997 година.

Националната метеоролошка служба во петокот испрати тимови за процена на штетата на потегот од Хамтрамк, преку Детроит, до островот Бел Ајл. Градоначалничката Мери Шефилд потврди дека метеоролозите утврдиле оти низ источниот дел на градот поминало торнадо, но неговата јачина и точната патека допрва треба да бидат објавени.

Невремето оставило зад себе оштетени покриви и фасади, искршени автомобили и голем број блокирани улици. Масивни дрвја паднале врз куќи, возила и електрични водови, а градските служби почнале расчистување на најпогодените населби. Засега нема информации за загинати или потешко повредени лица.

До петок наутро повеќе од 250.000 домови и деловни објекти во Мичиген останале без електрична енергија. Енергетската компанија ДТЕ ангажирала околу 3.400 работници, меѓу кои и екипи од други американски сојузни држави, за поправка на оштетената мрежа.

Бурите во четвртокот се движеле со голема брзина низ повеќе окрузи во југоисточен Мичиген. Националната метеоролошка служба служба издала повеќе предупредувања откако радарите регистрирале ротација во облаците над Вејн, Оукланд, Макомб и соседните области.

Само еден ден претходно, во Мерисвил беше потврдено торнадо од категоријата ЕФ 0, со ветер од околу 120 километри на час. Тоа траело приближно две минути и предизвикало штета на дрвјата, но немало повредени.

Метеоролозите предупредија дека и во петок се можни нови изолирани грмежливи бури во јужните делови на југоисточен Мичиген, иако не се очекува повторување на невреме со ист обем. Поправката на електричната мрежа се одвива во услови на натопена почва, паднати дрвја и опасни прекинати кабли

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?