Продолжува судењето за „Државна лотарија”: Артан Груби треба да се изјасни дали е виновен

Артан Груби

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот процес за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија на Македонија”, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Претходното рочиште беше одложено откако Судот оцени дека не се исполнети условите за одржување на главната расправа.

Груби е осомничен, заедно со уште седум лица, за злоупотреба на околу 8,2 милиони евра во работењето на Државната лотарија. Меѓу другите обвинети е и поранешниот директор на друштвото, Перпарим Бајрами, кој моментално е во бегство.

На денешното рочиште се очекува изведување докази и презентирање на наодите на обвинителството, а согласно најавите, Груби треба формално да се произнесе дали се чувствува виновен по обвиненијата.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?