Недостигаат 67 обвинители, во три града нема ниту еден – годишни извештаи на обвинителството и Советот на јавни обвинители за 2025 година – Јавното обвинителство во 2025 година работело со 67 обвинители помалку од предвиденото, а и покрај зголемувањето на кадарот за речиси 10 проценти во текот на годината, резултатите во ажурноста не се подобриле.
Ова го покажуваат годишните извештаи на Јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители кои се најдоа пред собраниската Комисија за политички систем, а Транспаренси Интернешнл-Македонија ја стави во оваа состојба на прво место во редовниот месечен барометар за корупција за месец август „Бистро-Матно“.
Најалармантна е состојбата во дел од помалите обвинителства. Берово, Делчево и Свети Николе повеќе години функционирале без основен јавен обвинител, а во дел од нив работел само по еден обвинител.
Академија без студенти, правосудство без судии — деветтата генерација пропадна, нова нема – Анализите покажуваат дека недостигаат и судии и обвинители, но пари за нови кандидати сè уште нема.
Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска-Стрезоски, вели дека се чека на законски измени, а Европската комисија прогнозира дека нови судии и обвинители ќе нема пред 2028 година. Академијата што беше основана да обучува судии и обвинители како филтер што мора да го помине идниот правосуден кадар, од почетокот на 2025 година е без студенти.

