АНКЕТА: Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?

Три и пол децении по 8 Септември 1991 година, Македонија одбележува 35 години независност. Но зад празничните говори, знамињата и државните церемонии останува прашањето што непосредно го допира секој граѓанин: дали независноста донесе подобар живот и каква иднина гледаме пред себе?

Рацин.мк оваа недела ги прашува читателите: „Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?“

Прашањето не е наменето само за генерациите што го паметат референдумот. Тоа им припаѓа и на младите родени во независна Македонија, кои денес учат, работат, создаваат семејства или размислуваат дали својата иднина да ја градат во земјата.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?