Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денес дека Србија ќе започне со производство на балистички ракети со долг дострел во рок од една година.
На отворањето на бизнис-форумот Србија-Узбекистан, кој беше организиран во рамките на официјалната посета на узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев на Србија, Вучиќ рече дека можеме да постигнеме одлични резултати во одбранбената индустрија.
„Напредуваме во одбранбената индустрија, добиваме трансфер на технологија од некои сили, а за една година ќе започнеме со производство на балистички ракети со долг дострел“, рече тој.
Тој додаде дека Србија е подготвена да соработува со Узбекистан и во оваа област.

