Трамп наместо ВИ, сака да се вика „суперинтелигенција“

Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп на Генералното собрание на ОН најави дека САД во официјалните документи ќе го заменат терминот „вештачка интелигенција“ (ВИ) со „суперинтелигенција“ (СИ).

Трамп оцени дека зборот „вештачка“ прави технологијата да звучи како нешто лажно, додека, според него, „суперинтелигенција“ е попрецизен и подобар назив.

Во истото обраќање тој ги отфрли меѓународните иницијативи за регулирање на развојот на ВИ, порачувајќи дека САД нема да го ограничуваат развојот на технологијата.

Промената доаѓа во момент кога во ОН се засилува дебатата за безбедноста, контролата и иднината на сè помоќните системи на вештачка интелигенција.

„Добредојдовте во новиот свет на суперинтелигенција“, порача Трамп во својот говор.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?