Историската средба на Доналд Трамп и Си Џинпинг во Вашингтон започна со голем дипломатски спектакл, но и со скандал околу медиумите.
Додека американскиот претседател со воени почести го пречека кинескиот лидер во Белата куќа, дел од американските медиуми останаа надвор од зградата. На новинарите на кои претходно им бил ограничен пристапот не им било дозволено да влезат, иако федерален судија наложил повторно да им биде овозможен пристап. Во знак на протест, неколку телевизиски куќи одбиле да учествуваат во заедничкиот телевизиски пренос, па пристигнувањето на Си не било емитувано во живо.
Скандалот дојде во момент кога Вашингтон и Пекинг се обидуваат да ги стабилизираат односите по периодот на трговски тензии. На маса се очекува да бидат трговијата, технологијата, вештачката интелигенција, Тајван и безбедноста.
Трамп на средбата зборуваше за „огромен напредок“ меѓу двете земји и го опиша односот со Си како пријателски, додека кинескиот лидер порача дека преку дијалог двете страни можат да изградат поголема доверба и да избегнат конфликт.
Особено место во разговорите има и ВИ. Си порача дека САД и Кина, како водечки сили во оваа технологија, имаат одговорност таа да остане под човечка контрола и да се користи во корист на луѓето.
Средбата продолжува со билатерални разговори и државна вечера, но без официјална прес-конференција, што дополнително го засили интересот околу начинот на кој двете сили ќе ги водат разговорите зад затворени врати.

